Со возило ја проби оградата на амбасадата на Израел во Токио: повреден полицаец, аларм во раните утрински часови

Утрово во јапонската престолнина Токио е уапсен маж кој со својот автомобил поминал низ заштитната ограда пред израелската амбасада. Би-би-си јавува дека повреден е полицаец, јави јапонската телевизија „NHK“. Уапсен е маж на околу 50 години, за кој се верува дека е член на ултрадесничарска организација. Се наведува дека заштитната...

ноември 16, 2023 - 11:40
 0  1
Со возило ја проби оградата на амбасадата на Израел во Токио: повреден полицаец, аларм во раните утрински часови

Утрово во јапонската престолнина Токио е уапсен маж кој со својот автомобил поминал низ заштитната ограда пред израелската амбасада.

Би-би-си јавува дека повреден е полицаец, јави јапонската телевизија „NHK“.

Уапсен е маж на околу 50 години, за кој се верува дека е член на ултрадесничарска организација.

Се наведува дека заштитната ограда се наоѓала на околу 100 метри од зградата на израелската амбасада.

На социјалните мрежи се појави видео на „NHK“ на кое се гледа како автомобил пробива ограда.

Се уште не се знае дали инцидентот бил намерно предизвикан.

Би-би-си потсетува дека израелските амбасади и конзулати ги засилија безбедносните мерки ширум светот во текот на изминатиот месец.