Собраниската седница за избор на новата влада закажана в сабота

Собраниската седница за избор на новата влада на Северна Македонија е закажана за в сабота во 11 часот. Гласањето за избор на влада се врши по предлог на составот на владата во целина, со јавно гласање по завршувањето на собраниската расправа, а најдоцна во рок од 24 часа. Мандаторот Христијан...

јуни 19, 2024 - 16:01
 0  8
Собраниската седница за избор на новата влада закажана в сабота

Собраниската седница за избор на новата влада на Северна Македонија е закажана за в сабота во 11 часот.

Гласањето за избор на влада се врши по предлог на составот на владата во целина, со јавно гласање по завршувањето на собраниската расправа, а најдоцна во рок од 24 часа.

Мандаторот Христијан Мицкоски вчера во Собранието го достави предлогот за нова влада и програмата за нејзина работа.

Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор./Извор:Makfax