Сончево и многу топло со температура до 41 степен

Времето денес ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје сончево и многу топло со...

авг 13, 2024 - 18:00
 0  1
Сончево и многу топло со температура до 41 степен

Времето денес ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Особено топло ќе биде утре и во среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40°C и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури. Од четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во деновите од викендот кога ќе има услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град./Извор:Makfax