Сончево и многу топло време, за викендот дожд, силен ветер и град

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен и дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе...

авг 14, 2024 - 18:00
 0  2
Сончево и многу топло време, за викендот дожд, силен ветер и град

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен и дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град./Извор:Makfax