Сообраќајка кај Куманово – има повредени

На 03.11.2025 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Пчиња-Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.К.(23) од с.Пчиња и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(55) од с.Пчиња. Во несреќата со тешки телесни...

ноември 4, 2025 - 13:30
 0
Сообраќајка кај Куманово – има повредени

На 03.11.2025 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Пчиња-Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.К.(23) од с.Пчиња и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(55) од с.Пчиња.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од патничкото возило „мерцедес“, Ф.Р.(28) од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.