Сообраќајка кај село Брајковци, тешко повреден маж од валандовско

На 17.06.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу село Страниште и „Марвинска клучка“, кај село Брајковци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.А.(50) од село Балинци, валандовско и патничко возило...

јуни 18, 2024 - 19:00
 0  6
Сообраќајка кај село Брајковци, тешко повреден маж од валандовско

На 17.06.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу село Страниште и „Марвинска клучка“, кај село Брајковци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.А.(50) од село Балинци, валандовско и патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(35) од село Марвинци, валандовско, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.