Сообраќајка на патот Охрид – Ресен, има повредени

На 17.10.2025 година во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице(58) од селото Речани, кичевско и товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(27) од селото Беранци, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди...

окт 18, 2025 - 13:00
 0
Сообраќајка на патот Охрид – Ресен, има повредени

На 17.10.2025 година во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице(58) од селото Речани, кичевско и товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(27) од селото Беранци, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот ивекото, а со телесни повреди се здобил возачот на реното, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.