Состојбата на Фицо е стабилна, но неговиот живот се уште е во опасност

Министерот за одбрана и вицепремиер на Словачка Роберт Калињак изјави дека состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но дека неговиот живот се уште е во опасност. – Ситуацијата се уште е тешка. Лекарскиот тим во болницата Рузвелтова во Банска Бистрица прави големи напори да се придвижи кон поволна...

мај 17, 2024 - 01:00
 0  2
Состојбата на Фицо е стабилна, но неговиот живот се уште е во опасност

Министерот за одбрана и вицепремиер на Словачка Роберт Калињак изјави дека состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но дека неговиот живот се уште е во опасност.

– Ситуацијата се уште е тешка. Лекарскиот тим во болницата Рузвелтова во Банска Бистрица прави големи напори да се придвижи кон поволна прогноза. Не можам да кажам дека победуваат и дека прогнозите се поволни, бидејќи раните од четири куршуми се толку тешки што треба да се чека. Успеаја да ја стабилизираат ситуацијата, но премиерот не е надвор од животна опасност – изјави Калињак за новинарите.

Калињак, еден од најблиските соработници на Фицо, апелираше до сите да се потрудат да ги смират страстите и побара од медиумите да изнесуваат што помалку факти и да престанат да се натпреваруваат за побрзо објавување на непроверени вести.