Стевановиќ: Вакцинацијата е важна и за индивидуалното и за колективното здравје

Ние имаме и колеги кои имаат двојба за тоа колку вакцините се безбедни, а тоа не треба да биде така, рече во интервју за Слободен печат, поранешната директорка на инфективната клиника и кандидатка за пратеник Милена Стевановиќ. Таа посочи и личен пример за тоа какви последици следуваат ако некој не...

април 22, 2024 - 17:00
 0  0
Стевановиќ: Вакцинацијата е важна и за индивидуалното и за колективното здравје

Ние имаме и колеги кои имаат двојба за тоа колку вакцините се безбедни, а тоа не треба да биде така, рече во интервју за Слободен печат, поранешната директорка на инфективната клиника и кандидатка за пратеник Милена Стевановиќ.

Таа посочи и личен пример за тоа какви последици следуваат ако некој не се вакцинира, или ревакцинира

„По почетокот на вакцинацијата во 70тите години, јас како дете по некоја случајност сум немала примено вакцина за морбили и во четврта година од моето средно образование одејќи низ пракса на инфективната клиника, јас и добар дел од мојот клас се разболуваме од морбили и јас бев една од оние кои едвај преживеав од морбили и ви велам, дека ниту еден родител не сака да ја преживее клиничката форма на морбили за своето дете која јас ја преживеав. Важно е да се вакцинираме не само за индивидуалното здравје, туку и за колективното здравје. Нас се уште ни е сериозна закана и пертусисот. Ситуацијата се стабилизира, бројката на заболени се намалува но тој може да биде сериозен за највозрасните и за новородените. Зошто дозволуваме овие граѓани да дојдат во ризик од болести кои веќе не треба да ги имаме“ истакна Стевановиќ.