Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да ги сноси последиците за поддршката на Русија во војната во Украина. Столтенберг рече дека Пекинг „се обидува да седне на две столчиња“, поддржувајќи ги воените напори на Русија додека ги...

јуни 18, 2024 - 13:00
 0  2
Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да ги сноси последиците за поддршката на Русија во војната во Украина.

Столтенберг рече дека Пекинг „се обидува да седне на две столчиња“, поддржувајќи ги воените напори на Русија додека ги одржува односите со европските сојузници.

„Ова нема да функционира на долг рок“, изјави Столтенберг за Би-Би-Си за време на посетата на Вашингтон./Извор:Makfax