СТРУМИЦА ВО СОЛЗИ: Уште една смрт во сообраќајна несреќа, загина мотоциклист откако изгубил контрола и паднал на коловозот

На 01.11.2025 во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на...

ноември 2, 2025 - 13:00
 0
СТРУМИЦА ВО СОЛЗИ: Уште една смрт во сообраќајна несреќа, загина мотоциклист откако изгубил контрола и паднал на коловозот

На 01.11.2025 во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.