Струмица завиена во црно: Во две одделни сообраќајки загинаа две лица
Тежок ден за Струмица, во две одделни сообраќајки загинаа две лица во струмичкиот регион. Имено како што соопшти СВР Струмица, кај нив е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с.Сушево, струмичко, се превртувало на коловозот....
Тежок ден за Струмица, во две одделни сообраќајки загинаа две лица во струмичкиот регион.
Имено како што соопшти СВР Струмица, кај нив е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с.Сушево, струмичко, се превртувало на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица и по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Исто така на 01.11.2025 во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.