Судир помеѓу автобус полн со ученици и автомобил: има загинати и повредени во Италија

Во сообраќајна несреќа, во која учествувале автобус со 50 студенти и автомобил што преминал во спротивната лента, едно лице загинало, а 15 се повредени утрово во италијанската покраина Тревизо, објавува РАИ денес. Несреќата се случила во 7.45 часот наутро, а по судирот, двете возила завршиле во каналот покрај патот. Поради...

окт 29, 2025 - 20:00
 0
Судир помеѓу автобус полн со ученици и автомобил: има загинати и повредени во Италија

Во сообраќајна несреќа, во која учествувале автобус со 50 студенти и автомобил што преминал во спротивната лента, едно лице загинало, а 15 се повредени утрово во италијанската покраина Тревизо, објавува РАИ денес.

Несреќата се случила во 7.45 часот наутро, а по судирот, двете возила завршиле во каналот покрај патот.

Поради силата на ударот, возачот на автомобилот починал на самото место, а патниците во автобусот добиле полесни повреди.

Возачот на автобусот и петте повредени студенти се префрлени во болница на лекување и прегледи.

Автобусот со студенти тргнувал од Сан Дона ди Пјаве во близина на Венеција, а несреќата се случила веднаш откога возилото поминало остра кривина кога автомобил што доаѓал од спротивната насока преминал во спротивната лента.

Возачот се обидел да го избегне судирот, но не успеал, а двете возила завршиле во каналот од патот на спротивните страни.

Карабинерите во моментот ги истражуваат околностите на несреќата./Извор:Makfax