Температури и до 36°C, но и можност за летно невреме! – Метецеонтар со детална прогноза за времето
Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува сончево и се потопло време. Температурата ќе биде во пораст, а за време на викендот и на почетокот на неделата претежно во јужните делови ќе има услови за појава на попладневна нестабилност со повремен пороен дожд проследен со грмежи, наместа...
Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува сончево и се потопло време. Температурата ќе биде во пораст, а за време на викендот и на почетокот на неделата претежно во јужните делови ќе има услови за појава на попладневна нестабилност со повремен пороен дожд проследен со грмежи, наместа процесите ќе бидат и во вид на изолирано невреме со пороен дожд, грмежи и услови за град.
Прогноза за 01.06.2024
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. UV=7
Прогноза за 02.06.2024
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови претежно во јужните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. UV=8
Прогноза за 03.06.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. UV=8