Тешка сообраќајка на улицата „Имер Призрени“ во Скопје – повредени две млади лица

Како што соопшти полицијата синоќа во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Имер Призрени“ со сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 38-годишна жена од Тетово и мотоцикл управуван од маж(30) од...

окт 24, 2025 - 19:30
 0
Тешка сообраќајка на улицата „Имер Призрени“ во Скопје – повредени две млади лица

Како што соопшти полицијата синоќа во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Имер Призрени“ со сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 38-годишна жена од Тетово и мотоцикл управуван од маж(30) од с.Сингелиќ, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а неговиот сопатник лице(23) од с.Сингелиќ, скопско се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.