Тешки кражби ја потресоа Гази Баба во текот на вчерашниот ден

На 19.10.2025 во 21:10 часот во СВР Скопје, Х.Б. пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело мобилeн телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 19.10.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.П.(74)...

окт 20, 2025 - 14:00
 0
Тешки кражби ја потресоа Гази Баба во текот на вчерашниот ден

На 19.10.2025 во 21:10 часот во СВР Скопје, Х.Б. пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело мобилeн телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.10.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.П.(74) од Скопје пријавил дека околу 16:00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба затекнал едно лице кое претходно насилно влегло и одзело пари и кое физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.