Трајчевски: Со поголема дигитализација на локалната самоуправа во Пробиштип до побрзи и поедноставени услуги за граѓаните
„Пробиштип влегува во дигиталната ера. Ќе извршиме комплетна дигитализација на услугите во општина Пробиштип и создавање на дигитална архива за сите документи и постапки. Со ова граѓаните ќе можат многу полесно и побрзо да ги завршуваат своите административни обврски, од дома без чекање на шалтер“, вели Јордан Трајчевски, кандидат за...

„Пробиштип влегува во дигиталната ера. Ќе извршиме комплетна дигитализација на услугите во општина Пробиштип и создавање на дигитална архива за сите документи и постапки. Со ова граѓаните ќе можат многу полесно и побрзо да ги завршуваат своите административни обврски, од дома без чекање на шалтер“, вели Јордан Трајчевски, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дигиталната архива ќе овозможи сигурно и трајно чување на сите општински документи со брз пристап до стари решенија, дозволи и планови.
Тоа значи повеќе транспарентност, поголема ефикасност и помалку хартија и трошоци.
Со овој проект општината ќе добие помодерна и поефикасна администрација, поголема доверба од граѓаните и нови можности за поврзување со државните и меѓународните е-сервиси. За тебе. За твоето место. За твојата иднина!“, изјави Јордан Трајчевски, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax
