Тројца кичевци побарале лекарска помош кога вдишиле чад од запалената депонија

Лекарска помош побарале три лица од Кичево, кои вдишиле чад од пожарот на депонијата во близина на „Комуналец“. Нивната здравствена состојба се влошила, објави МВР во дневниот билтен. Станува збор за лица од 26- до 37-годишна возраст, кои, според информациите од полицијата, вчера по вдишувањето на чадот, се упатиле кон...

авг 7, 2024 - 21:30
 0  1
Тројца кичевци побарале лекарска помош кога вдишиле чад од запалената депонија

Лекарска помош побарале три лица од Кичево, кои вдишиле чад од пожарот на депонијата во близина на „Комуналец“.

Нивната здравствена состојба се влошила, објави МВР во дневниот билтен.

Станува збор за лица од 26- до 37-годишна возраст, кои, според информациите од полицијата, вчера по вдишувањето на чадот, се упатиле кон приватна здравствена установа во градот.

МВР презема мерки за расчистување на настанот./Извор:Makfax