Ципрас: Со Зоран се боревме за промовирање на мир, истовремени штитејќи ги националните интереси на нашите земји

„Јас и Зоран се боревме во тешки времиња за нешто за што верувавме и се уште веруваме дека беше неопходно во тоа време, иако сите ни велеа дека не е возможно. Сакавме да промовираме мир, а истовремено заштитувајќи ги националните интереси на нашите земји, стабилноста и соработката на регионот“ рече...

јуни 19, 2024 - 16:00
 0  7
Ципрас: Со Зоран се боревме за промовирање на мир, истовремени штитејќи ги националните интереси на нашите земји

„Јас и Зоран се боревме во тешки времиња за нешто за што верувавме и се уште веруваме дека беше неопходно во тоа време, иако сите ни велеа дека не е возможно. Сакавме да промовираме мир, а истовремено заштитувајќи ги националните интереси на нашите земји, стабилноста и соработката на регионот“ рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одрлжив развој во Атина.

Тој додаде дека тој, заедно со поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев ја презеле одговорноста и го направиле тоа што е неопходно за граѓаните и покрај политичката цена која ја платија.

„Затоа оваа конференција, шест години подоцна не е само одбележување или собир за теоретски да се дискутира за големите проблеми, под превезот на лажна неутралност. Не, ова е важен политички настан кој ги гледа сегашноста и иднината и дава напор за промоција на прогресивните политики“ рече Ципрас.

Тој додаде дека на конференцијата учествуваа околу 40 говорници од цела Европа, Балканот и САД и дека сите дадоа придонес и препораки за Балканот, за мир и за иднината на Европа.