ЦУК: Активни два пожари од 20 пријавени вчера, гори во Чашка и во Македонски Брод

Вчера имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три, а изгаснати се 15, соопшти утрово ЦУК . Активен пожар има во Општина Чашка кај место викано Котева Круша атар на с.Оморани, префрлен од планина Мукос каде што гори мешана шума. Мешана шума...

авг 26, 2024 - 18:00
 0  2
ЦУК: Активни два пожари од 20 пријавени вчера, гори во Чашка и во Македонски Брод

Вчера имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три, а изгаснати се 15, соопшти утрово ЦУК .

Активен пожар има во Општина Чашка кај место викано Котева Круша атар на с.Оморани, префрлен од планина Мукос каде што гори мешана шума.

Мешана шума е зафатена и од пожарот во Општина Македонски Брод, кај резервоарите на селскито водовод во Грешница.

Под контрола се пожарите на Плакенска планина над с.Вирово во Општина Демир Хисар, меѓу кичевските села Цер и Старец, и на Галичица кај Зли Дол, с.Стење и с.Лескоец./Извор:Makfax