ЦУК: Четири активни пожари, еден под контрола

Во текот на вчерашниот ден, понеделник, имаше вкупно 32 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола е еден, а изгаснати се 27, извести Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите на четири места. Општина Чашка: Планина Мукос – село Степанци, м.в.Кадиица – село Оморани, село...

септември 3, 2024 - 12:00
 0  3
ЦУК: Четири активни пожари, еден под контрола

Во текот на вчерашниот ден, понеделник, имаше вкупно 32 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола е еден, а изгаснати се 27, извести Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите на четири места.

Општина Чашка: Планина Мукос – село Степанци, м.в.Кадиица – село Оморани, село Ораов Дол (мешана шума);

Општина Прилеп: село Пештани – село Кокре – село Кален (нискостеблеста вегетација);

Општина Штип: село Хаџи Хамзали – село Едеклерци – село Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);

Општина Чучер-Сандево: село Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума).

Како што информираше ЦУК под контрола е пожарот во општина Демир Хисар, кај село Вардино, а изгаснати се вкупно 27 пожари./Извор:Makfax