ЦУК: Еден активен пожар

Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е еден, еден е ставен под контрола, а изгаснати се 20, извести Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во општина Штип, помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон Криволак, каде што...

авг 30, 2024 - 18:00
 0  2
ЦУК: Еден активен пожар

Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е еден, еден е ставен под контрола, а изгаснати се 20, извести Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во општина Штип, помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон Криволак, каде што гори нискостеблеста шума и сува трева.

Како што информира ЦУК под контрола е пожарот во општина Чашка, на планината Мукос, село Степанци и местото викано Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица каде што гори мешана шума.

Изгаснати се вкупно 20 пожари, додаваат од ЦУК./Извор:Makfax