Убиени четворица израелски војници во јужниот дел на Газа

Израелската армија денеска соопшти дека четворица израелски војници загинале во судирите во јужниот дел на Газа, додека тројца војници биле тешко ранети, а двајца полесно. Со ова бројот на загинати Израелци во копнената офанзива против Хамас во Газа и воените операции долж границата со Појасот Газа се искачи на 348,...

септември 18, 2024 - 18:00
 0  1
Убиени четворица израелски војници во јужниот дел на Газа

Израелската армија денеска соопшти дека четворица израелски војници загинале во судирите во јужниот дел на Газа, додека тројца војници биле тешко ранети, а двајца полесно.

Со ова бројот на загинати Израелци во копнената офанзива против Хамас во Газа и воените операции долж границата со Појасот Газа се искачи на 348, пишува Тајмс оф Израел.

Меѓу загинатите е и Агам Наим (20), првата жена меѓу припадниците на израелските вооружени сили која го загуби животот во копнената офанзива против Хамас во Појасот Газа./Извор:Makfax