УХМР СО ВОНРЕДНИ НАЈАВИ: Од утре многу топло време, температурите насекаде ќе бидат над 30 степени, а некаде и над 40!

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. Според прогнозираните и пресметаните гранични...

јуни 18, 2024 - 13:00
 0  4
УХМР СО ВОНРЕДНИ НАЈАВИ: Од утре многу топло време, температурите насекаде ќе бидат над 30 степени, а некаде и над 40!

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво.