Украина тврди дека првпат го погодила најсовремениот руски борбен авион

Украина објави дека нејзините сили првпат го собориле најсовремен руски борбен авион Су-57 на аеродром во Русија. Според Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, на 8 јуни на територијата на аеродромот Ахтубинск во Астраханската област во Русија, кој се наоѓа на 589 километри од линијата на фронтот,...

јуни 9, 2024 - 18:01
 0  3
Украина тврди дека првпат го погодила најсовремениот руски борбен авион

Украина објави дека нејзините сили првпат го собориле најсовремен руски борбен авион Су-57 на аеродром во Русија.

Според Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, на 8 јуни на територијата на аеродромот Ахтубинск во Астраханската област во Русија, кој се наоѓа на 589 километри од линијата на фронтот, беше соборен повеќенаменски ловец Су-57, пренесува Интерфакс Украина.

Во своите тврдења, украинските разузнавачи се повикуваат на сателитски снимки од местото каде што се наоѓал авионот на аеродромот.

„Фотографиите покажуваат дека на 7 јуни Су-57 стоел недопрен, а веќе следниот ден во неговата околина како последица од пожарот се појавиле кратери од експлозии и карактеристични траги од пожар“, се вели во соопштението.

Су-57 е повеќенаменски ловец од петта генерација./Извор:Makfax