Управувал возило пијан, полицијата го заддржа во полициска станица

Денеска (11.05.2025) во 00.23 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода лице(46) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство...

мај 11, 2025 - 16:00
 0  0
Управувал возило пијан, полицијата го заддржа во полициска станица

Денеска (11.05.2025) во 00.23 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода лице(46) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.