Утринава изгасен и последниот активен пожар во државата

Утринава е изгасен и последниот активен пожар во државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Се работи за пожарот кај селото Тажево во Општина Македонски Брод, во близина на Јавното претпријатие „Јасен“, кој беше едиствен активен пожар во последното деноноќие. Вработените во претпријатието поддржани од двата полициски хеликоптери од...

јул 25, 2024 - 18:30
 0  0
Утринава изгасен и последниот активен пожар во државата

Утринава е изгасен и последниот активен пожар во државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Се работи за пожарот кај селото Тажево во Општина Македонски Брод, во близина на Јавното претпријатие „Јасен“, кој беше едиствен активен пожар во последното деноноќие. Вработените во претпријатието поддржани од двата полициски хеликоптери од утринава работеле на негово целосно догасување.

„Во моментот нема чадење, а воздухопловите се префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски Брод. Таму во догасувањето на пожарот се вклучени 40 припадници на Армијата, 30 лица од специјалните сили на МВР и 10 пожарникари од ТППЕ Македонски Брод. На тој потег кај Тажево, од страна на градоначалникот на Македонски Брод е вклучена и една градежна машина што работи на правење на просеки кон село Тажево. Се уште дел од пожарот е активен од Тажевскиот Рид кон селото Тажево, но со концентрирано дејство за релативно кратко време се очекува да биде ставен под контрола“, информираат од ЦУК.

Сите други пожари во државата, додаваат од ЦУК, се изгаснати./Извор:Makfax