Вчера вкупно 42 пожари на отворено, гори уште на 11 места

Четириесет и два пожари евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие. Како што соопштија од ЦУК, од вкупниот број пожари регистрирани изминатото деноноќие, 11 се активни, а шест се под контрола. Според соопштеното, по два активни пожари има во општините Долнени и Пробиштип. По еден активен пожар има...

авг 19, 2024 - 00:00
 0  6
Вчера вкупно 42 пожари на отворено, гори уште на 11 места

Четириесет и два пожари евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие.

Како што соопштија од ЦУК, од вкупниот број пожари регистрирани изминатото деноноќие, 11 се активни, а шест се под контрола.

Според соопштеното, по два активни пожари има во општините Долнени и Пробиштип. По еден активен пожар има во општините Дебар, Маврово – Ростуше, Македонски Брод, Пласница, Чашка. Последните два пожара се на територија на две општини – едниот на Охрид и Ресен, а другиот на Демир Хисар и Кичево.

Пожарите под контрола се наоѓаат во општините Кичево, Новаци, Македонски Брод, Демир Хисар, Делчево, Чашка.

Единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 бележи 2.342 повика, а од нив, како „реални“ биле категоризирани 53.80 отсто./Извор:Makfax