Велика Британија со закон ги забрани филмовите за лица над 18 години кои прикажуваат давење
Онлајн порнографијата што прикажува давење или задушување ќе биде нелегална според новите владини планови за справување со насилството врз жените и девојчињата во Велика Британија. Одлуката следеше по ревизијата која откри дека прикажувањата на давење стануваат сè почести на водечките порнографски страници и помогнаа да се нормализира овој чин кај...
Онлајн порнографијата што прикажува давење или задушување ќе биде нелегална според новите владини планови за справување со насилството врз жените и девојчињата во Велика Британија. Одлуката следеше по ревизијата која откри дека прикажувањата на давење стануваат сè почести на водечките порнографски страници и помогнаа да се нормализира овој чин кај младите луѓе, пишува Би-Би-Си.
Според измените на Предлог-законот за кривична правда и полиција, кој моментално е во парламентарна процедура, и поседувањето и објавувањето на таков материјал ќе се смета за кривично дело. Онлајн платформите ќе бидат обврзани проактивно да откриваат и отстрануваат таква содржина, во спротивно ќе се соочат со санкции од медиумскиот регулатор Ofcom.
Министерството за наука, иновации и технологија (DSIT) соопшти дека промената ќе го направи порнографското давење „приоритетно кривично дело“ според Законот за безбедност на интернет. Ова ја става таквата содржина на исто ниво со материјалите за сексуална злоупотреба на деца и терористичката содржина.
Министерката за технологија Лиз Кендал изјави: „Гледањето и споделувањето на ваков вид материјал онлајн не е само длабоко вознемирувачко, туку е и одвратно и опасно. Оние кои објавуваат или промовираат таква содржина придонесуваат за култура на насилство и злоупотреба која нема место во нашето општество.“
„Исто така, ги повикуваме технолошките компании на одговорност и се грижиме да ја спречат оваа содржина пред да се прошири“, додаде таа./Извор:Makfax