(Видео) Драматично на Исланд: лавата се искачува и до 80 метри височина и го загрозува патот до познатиот „Blue Lagoon“

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по втор пат оваа година, исфрлајќи лава во висина до 80 метри. Тоа е шеста вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година. Блискиот геотермален спа центар Blue Lagoon беше затворен поради ерупцијата. Rush hour view of the Volcano erupting outside Reykjavik, Iceland this morning....

февруари 8, 2024 - 14:00
 0  0
(Видео) Драматично на Исланд: лавата се искачува и до 80 метри височина и го загрозува патот до познатиот „Blue Lagoon“

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по втор пат оваа година, исфрлајќи лава во висина до 80 метри.

Тоа е шеста вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година.

Блискиот геотермален спа центар Blue Lagoon беше затворен поради ерупцијата.

Исландскиот геофизичар Ари Траусти Гудмундсон за британската агенција изјави дека денешната ерупција веројатно нема да претставува директна закана за рибарскиот град Гриндавик, но дека може да претставува закана за патот до тој град, централата, па дури и за „Blue Lagoon“.

Меѓународниот аеродром Кефлавик во Рејкјавик е отворен и работи нормално, соопшти аеродромскиот оператор.

Претходната ерупција во областа започна на 14 јануари и траеше околу два дена, а лавата стигна до работ на рибарскиот град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители веќе беа евакуирани, кога три куќи се запалија.

Во ноември, исландските власти почнаа да градат насипи за да спречат лавата да стигне до електраната и домовите. Во Исланд има повеќе од 30 активни вулкани.