(Видео) Голем пожар во фабриката Ником во Кавадарци

Вчера вечер од 10:30 часот, голем пожар ја зафати фабриката за дрвена амбалажа, Ником ДОО Кавадарци. Пожарот бил локализиран околу 3 часот. На пожарот интервенирале службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен. Дополнително интервенирале и екипи на ЈП Комуналец, Голд Никел и ШС Бор, како...

авг 23, 2024 - 12:00
 0  2
(Видео) Голем пожар во фабриката Ником во Кавадарци

Вчера вечер од 10:30 часот, голем пожар ја зафати фабриката за дрвена амбалажа, Ником ДОО Кавадарци. Пожарот бил локализиран околу 3 часот.

На пожарот интервенирале службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен.

Дополнително интервенирале и екипи на ЈП Комуналец, Голд Никел и ШС Бор, како и екипи од Велес и Неготино.

Поради горливиот материјал пожарот бил голем и го зафатил целиот објект. Има голема материјална штета./Извор:Makfax