(Видео) Украина со дронови уништи уште една руска рафинерија

Украина со беспилотни летала нападна две рафинерии во руската област Самара. Цел на беспилотните летала биле рафинериите во Сизран и фабриката за нафта во Новокујбишевск. На видеата се гледа голем пожар во рафинеријата во Сизран кој избувна по нападот. Good morning Syzran‼️Rhe place is charming, especially the refinery district???? The...

Мар 16, 2024 - 13:00
 0  1
(Видео) Украина со дронови уништи уште една руска рафинерија

Украина со беспилотни летала нападна две рафинерии во руската област Самара.

Цел на беспилотните летала биле рафинериите во Сизран и фабриката за нафта во Новокујбишевск. На видеата се гледа голем пожар во рафинеријата во Сизран кој избувна по нападот.

Според информациите, нападот се случил околу 6 часот наутро по локално време.

Вработените во рафинериите се евакуирани, додека според првичните податоци нема жртви.

Гувернерот Дмитриј Азаров наведува дека е формиран оперативен штаб за отстранување на последиците од нападот на нафтените рафинерии во Сизран и Новокујбишевск и дека на сите ресори им е наредено да внимаваат на заштитата на објектите во регионот.

– Ги преземаме сите мерки за што поскоро отстранување на последиците. Формиран е оперативен штаб. Сите служби и одговорни сектори имаат задача да дадат приоритетно внимание на заштитата на зградите во регионот – изјави Азаров за РИА.

Во претходните пет дена Украина нападна и оштети шест руски рафинерии.