(Видео) Украинските специјални сили објавија снимка од борбите во Русија: „Ова е нашето секојдневие“
На социјалните мрежи се појави видео од акцијата на украинските специјалци за време на инвазијата на руската област Курск. Видеото на својот „Икс“ профил го објави и Роб Ли, аналитичар во Американскиот институт за надворешна политика. Видеото ги покажува украинските специјалци во бункери, згради и индустриски погони во областа Курск....
На социјалните мрежи се појави видео од акцијата на украинските специјалци за време на инвазијата на руската област Курск. Видеото на својот „Икс“ профил го објави и Роб Ли, аналитичар во Американскиот институт за надворешна политика.
Видеото ги покажува украинските специјалци во бункери, згради и индустриски погони во областа Курск.
Video of Ukrainian SSO assaulting buildings and bunkers in Kursk oblast. https://t.co/Z23sYxElIx pic.twitter.com/e8W1W7FZtX
— Rob Lee (@RALee85) August 19, 2024
„Непријателите се обидоа да се сокријат во индустриски зони и во утврдени позиции меѓу цивилни куќи. Нашите војници од единиците на специјалните сили ги идентификуваа и ги уништија“, се вели во соопштението на украинските специјалци.
„Заседите, нападите, координирањето со артилерија и земање заробеници се секојдневна работа на операторите на силите за специјални операции на непријателска територија“, наведуваат специјалните агенти со видеото од акциите./Извор:Makfax