Вицепремиерот Николоски на средба со министерот за одбрана на Унгарија, Кристов Залаи Бобровницки. Фокус на разговорите – партнерството во НАТО алијансата и соработка во одбранбениот сектор
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на Унгарија, каде оствари средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. На средбата на која се разговараше за партнерството меѓу двете земји, се истакна одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на Унгарија, каде оствари средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки.
На средбата на која се разговараше за партнерството меѓу двете земји, се истакна одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата.
Стратешката цел е зачувување на мирот и стабилноста во регионот, истакна вицепремиерот Николоски, додавајќи дека Македонија е рамноправен партнер во НАТО сојузот и во своите капацитети дава сериозен придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност.
Исто така тој потенцираше дека Македонија со своите политики дава огромен инпут во регионалниот развој и станува земја пример за регионална соработка со што покажува огромен капацитет за постигнување на европските вредности.
На средбата исто така се отворија прашања за нови можности за соработка меѓу двете земји во делот на одбранбениот сектор, истакнувајќи го фактот дека Македонија нуди сериозен инвестициски потенцијал.
Пријателските односи меѓу Македонија и Унгарија се на одлично ниво, тоа се потврдува на овие средби и периодот што следи ќе се посвети на интензивирање на соработката која ќе овозможи зацврстување на односите во области од заеднички интерес за двете земји, потврдија двајцата соговорници.