Во Авганистан загинаа 14 лица, одговорноста ја презеде Исламската држава

Вооружени напаѓачи убиле 14 лица и раниле четворица во централната авганистанска провинција Дајкунди, главно населена со Хазари, објавија локалните медиуми TOLO news. Жртвите на нападот се жители на провинцијата Дајкунди, кои сакале да ги пречекаат аџиите, пренесува „Ксинхуа“. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, муфтијата Абдул Матен Кани, синоќа го...

септември 13, 2024 - 18:00
 0  2
Во Авганистан загинаа 14 лица, одговорноста ја презеде Исламската држава

Вооружени напаѓачи убиле 14 лица и раниле четворица во централната авганистанска провинција Дајкунди, главно населена со Хазари, објавија локалните медиуми TOLO news.

Жртвите на нападот се жители на провинцијата Дајкунди, кои сакале да ги пречекаат аџиите, пренесува „Ксинхуа“.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, муфтијата Абдул Матен Кани, синоќа го потврди инцидентот, но не соопшти повеќе детали./Извор:Makfax