ВОНРЕДНО известување од Влада: Утре во 14 часот прес-конференција, познато за што ќе се зборува

Министерот ја брани одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица-Штука. Зошто – ќе треба утре да им реферира на колегите на владина седница Владата најави прес-конференција на Бектеши за утре во 14 часот. Утре, со почеток во 14 часот, министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи прес-конференција, најави владината прес-служба. Обраќањето на министерот од „Илинденска“ бр. 2 е закажанo за денот кога се очекува тој да реферира за одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, што на 27 јуни заедно со колегите ја изгласаа како дополнителна точка на владина седница, а потоа, дел од министрите тврдеа дека не биле темелно запознаени за што гласале и побараа ревизија на одлуката. Спојувањето на концесиите за рудник во струмичкиот крај предизвика жестоки реакции во јавноста, по што Владата формално го задолжи ресорниот министер Бектеши, да реферира на седница за постапката. Бектеши е на став дека спојувањето на концесиите е исправна одлука и различна од давање дозвола за експлоатација. Вели дека двете концесиите се една целина, односно првата концесија е во самото концесиско поле на втората, што им дава законска можност на инвеститорите да побараат спојување. Со спојувањето, државата ќе избегне плаќање пенали, кажа Бектеши минатата недела на брифинг. Во пресрет на редовната владина седница, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска на новинарско прашање посочи дека треба да се почека до утре, за да се знае какви чекори ќе преземе Владата за рудникот „Иловица-Штука“. Тој тврди дека доколку граѓаните не сакаат, тогаш рудник нема да има и дека Владата е подготвена да помогне за жителите од тој регион на референдум да се изјаснат.

јул 24, 2023 - 23:10
 0  2