Возел пијан и без возачка дозвола: Граѓанин на Босна и Херцеговина се обидел да прегази полицајци во Франција

Граѓанин на Босна и Херцеговина (44) е уапсен во француската општина Венисје откако се обидел да прегази полицајци во тешко алкохолизирана состојба, објави „lyoncapitale.fr“. Интервенцијата на полицајците можеше да се претвори во вистинска трагедија. Се се случило вечерта кога полицијата добила дојава дека непознато лице со теренско возило се обидува...

ноември 7, 2023 - 01:00
 0  0
Возел пијан и без возачка дозвола: Граѓанин на Босна и Херцеговина се обидел да прегази полицајци во Франција

Граѓанин на Босна и Херцеговина (44) е уапсен во француската општина Венисје откако се обидел да прегази полицајци во тешко алкохолизирана состојба, објави „lyoncapitale.fr“.

Интервенцијата на полицајците можеше да се претвори во вистинска трагедија. Се се случило вечерта кога полицијата добила дојава дека непознато лице со теренско возило се обидува да ја пробие капијата во општина Венишје.

Кога пристигнала полицијата, државјанин на БиХ во обид да избега се обидел да ги прегази.

При бегство удрил во друго возило, а потоа излетал од автомобилот и се обидел да побегне. Полицијата го фатила по само неколку метри и го уапсила.

Откако бил фатен, било констатирано дека возел без возачка дозвола, а „lyoncapitale.fr“ пренесува дека веќе има полициско досие.

Неговиот случај е предаден на јавното обвинителство во Лион, кое ќе преземе дополнителни чекори.