Временска слика што ретко се гледа во декември – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. Прогноза...

дек 13, 2025 - 21:00
 0
Временска слика што ретко се гледа во декември – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност.

Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност.

Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Прогноза за 15.12.2025
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 16.12.2025
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Сончево и релативно топло со умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец

Прогноза за 17.12.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Сончево и релативно топло со умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.