Забрчанец: Западен Балкан може да привлече големи енергетски инвестиции само преку сработка и преку создавање единствен регионален пазар

„Западен Балкан има капацитет да привлече големи енергетски инвестиции со кои ќе се користат сонцето и ветрот за производство на струја, како обновливи извори кои на овие простори ги имаме во изобилство“ рече Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, во интервју за „Цивил медиа“. Тој...

мај 30, 2024 - 13:01
 0  7
Забрчанец: Западен Балкан може да привлече големи енергетски инвестиции само преку сработка и преку создавање единствен регионален пазар

„Западен Балкан има капацитет да привлече големи енергетски инвестиции со кои ќе се користат сонцето и ветрот за производство на струја, како обновливи извори кои на овие простори ги имаме во изобилство“ рече Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, во интервју за „Цивил медиа“.

Тој додаде дека предуслов за тоа е регионот сѐ повеќе и повеќе да станува единствен пазар, да се отстрануваат економските бариери и граници и да се обезбедува што е можно повеќе слободен проток на луѓе, услуги, производи и стоки меѓу шесте држави, но и меѓу регионот и земјите членки на ЕУ.

„Држави кои се соочуваат со внатрешни политички кризи и кои демонстрираат национализам на внатрешен и надворешен план – не се во можност искрено и суштински да соработуваат со своите соседи“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека национализмот подразбира наметнување на еден етникум наспроти друг, а во случајот на Западен Балкан тоа неминовно подразбира и конфликти со соседите и меѓу различните етнички групи кои се прелеваат од една во друга држава.