Завршува грејната сезона

Регулаторната комисија за енергетика информира дека денес, 15 април, завршува грејната сезона и почнува т.н. преоден период, кој трае до 30 април. Од утре, па сè до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени, снабдувачот е должен во грејните...

април 15, 2025 - 13:00
 0  2
Завршува грејната сезона

Регулаторната комисија за енергетика информира дека денес, 15 април, завршува грејната сезона и почнува т.н. преоден период, кој трае до 30 април.

Од утре, па сè до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени, снабдувачот е должен во грејните простории, во времето од 6 до 22 часот во текот на денот, да обезбеди температура на греење од 20+1 Целзиусови степени.

Означувањето на крајот на грејната сезона е во согласност со правилата за снабдување со топлинска енергија и тарифниот систем за продажба на топлинска енергија./Извор:Makfax