Зеленски: Украина стои зад понудата да не се напаѓа цивилна инфраструктура

Украина стои зад својот предлог да не се напаѓа барем цивилната инфраструктура и очекува јасен одговор од Москва, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој истакна дека Русија го отфрлила не само американскиот предлог за целосно и безусловно примирје, туку и вчерашниот предлог – „предлогот за продолжување на активностите насочени...

април 22, 2025 - 14:00
 0  0
Зеленски: Украина стои зад понудата да не се напаѓа цивилна инфраструктура

Украина стои зад својот предлог да не се напаѓа барем цивилната инфраструктура и очекува јасен одговор од Москва, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој истакна дека Русија го отфрлила не само американскиот предлог за целосно и безусловно примирје, туку и вчерашниот предлог – „предлогот за продолжување на активностите насочени кон мир по Велигден“.

Тој истакна дека руските напади продолжиле и денес по целата фронтова линија.

„До средината на денешниот ден, во 13:00 часот, имаше речиси 3.000 гранатирања и други напади. Имаше употреба на руски ракети, „шахеда“, речиси 90 воздушни бомби, употреба на тешко оружје и беспилотни летала. Руските напади продолжуваат на целиот фронт“, рече Зеленски.

Тој исто така нагласи дека главната задача на украинските претставници на претстојниот состанок во Лондон, кој ќе се одржи оваа недела, ќе биде постигнување безусловно примирје.

„Мирот доаѓа во тишина. И само кога има вистинско примирје и кога луѓето имаат доверба во целиот процес на преговори, тогаш можат да се решат суштинските прашања“, заклучи Зеленски./Извор:Makfax