Земјотрес почувствуван во Богданци

Рано утрово е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 km југоисточно од Скопје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што соопштија оттаму земјотресот се случил во 03 часот и 24 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.4....

авг 15, 2024 - 18:00
 0  1
Земјотрес почувствуван во Богданци

Рано утрово е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 km југоисточно од Скопје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како што соопштија оттаму земјотресот се случил во 03 часот и 24 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во Богданци и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од сеизмолошката опсерваторија./Извор:Makfax