Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил рано утринава, по средноевропско време, на длабочина од 84 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно од градот Гуирија и 82 километри...

јуни 23, 2024 - 19:01
 0  2
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил рано утринава, по средноевропско време, на длабочина од 84 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно од градот Гуирија и 82 километри североисточно од градот Карупано.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета./Извор:Makfax