Земјотрес го стресе Скопје, ова се деталите

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 28.05.2024 година во 10 часот и 48 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје, 21 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда...

мај 28, 2024 - 16:01
 0  5
Земјотрес го стресе Скопје, ова се деталите

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 28.05.2024 година во 10 часот и 48 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје, 21 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.