Жена била нападната од волци додека џогирала во сафари-парк во близина на Париз

36-годишна жена е тешко повредена кога во неделата била нападната и мачена од тројца волци во сафари-парк во близина на Париз, јавуваат француските медиуми. Жената што го минувала викендот со мајка си и бебето во зоолошкиот парк „Тоири“ за време на утринското џогирање случајно завршила во главната сафари-зона, каде што...

јуни 24, 2024 - 14:01
 0  1
Жена била нападната од волци додека џогирала во сафари-парк во близина на Париз

36-годишна жена е тешко повредена кога во неделата била нападната и мачена од тројца волци во сафари-парк во близина на Париз, јавуваат француските медиуми.

Жената што го минувала викендот со мајка си и бебето во зоолошкиот парк „Тоири“ за време на утринското џогирање случајно завршила во главната сафари-зона, каде што може да влезат само автомобили.

Била нападната од волци, итно била пренесена во болница и е на интензивна нега./Извор:Makfax