Јужна Кореја и САД започнаа воени вежби. „Војна може да избие во секое време“

Јужна Кореја и САД денеска почнаа годишни летни воени вежби за да ја зајакнат заедничката подготвеност за одбрана од севернокорејско оружје и кибер закани. Вежбите кои ќе траат до 29 август, се спроведуваат додека Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни и ракетни програми и обидите за лансирање на...

авг 19, 2024 - 18:00
 0  4
Јужна Кореја и САД започнаа воени вежби. „Војна може да избие во секое време“

Јужна Кореја и САД денеска почнаа годишни летни воени вежби за да ја зајакнат заедничката подготвеност за одбрана од севернокорејско оружје и кибер закани.

Вежбите кои ќе траат до 29 август, се спроведуваат додека Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни и ракетни програми и обидите за лансирање на сателити за извидување.

Вежбите ќе ги одразуваат реалните закани во сите домени, вклучително и ракетните закани на Северна Кореја, но и сајбер нападите и другите лекции научени од неодамнешните инциденти, соопштија воените сили на двете земји.

Јужна Кореја одделно ќе спроведе симултани вежби за цивилна одбрана Улчи предводени од владата според сценариото за севернокорејски нуклеарен напад, соопштија официјални лица.

„Како што се гледа во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, војната може да избие во секое време“, рече Јун на состанокот на владата.

„И природата на војната е променета во споредба со порано, таа се води во хибридна форма која комбинира регуларна, нередовна и сајбер војна, па дури и јавно мислење и психолошка војна користејќи лажни вести“, рече јужнокорејскиот претседател.

Во воените вежби ќе учествуваат околу 19.000 јужнокорејски војници, рече Јун.

Пјонгјанг неколку пати ги осуди овие вежби и ги нарече проби за нуклеарна војна.

Сеул и Вашингтон тврдат дека вежбите се од одбранбен карактер и одговор на заканите од Северна Кореја./Извор:Makfax