(Видео) Украинците урнаа уште еден мост во курската област

Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, изјави дека украинските сили кои спроведуваат операции во областа Курск уништиле уште еден клучен мост. Олешчук објави видео на „Телеграм“ на кое се гледа прецизен воздушен напад на мостот, пишува „Киев индепендент“. Ukrainian Air Force released footage of the strikes on the bridge...

авг 19, 2024 - 18:00
 0  4
(Видео) Украинците урнаа уште еден мост во курската област

Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, изјави дека украинските сили кои спроведуваат операции во областа Курск уништиле уште еден клучен мост.

Олешчук објави видео на „Телеграм“ на кое се гледа прецизен воздушен напад на мостот, пишува „Киев индепендент“.

„Еден мост помалку. Воздухопловните сили продолжуваат да го лишуваат непријателот од неговите логистички способности благодарение на прецизните воздушни напади“, рече Олешук.

Се соопштува и дека во нападот биле користени ракети ХИМАРС. „Киев Индипендент“ наведува дека не може самостојно да ги потврди овие тврдења. Доколку се потврди дека мостот е уништен, тоа ќе биде втор мост урнат од украинските сили во областа Курск од почетокот на нападот врз тој руски регион на 6 август. Претходно, на 16 август беше погоден мост во населбата Глушковски.