Битиќи: Земјава ќе добие 874 милиони евра од Планот за раст на Европската комисија

„На располагање на нашата земја ќе има 874 милиони евра во овој тригодишен период. Веќе првата транша од помошта треба да е достапна во април. Таму има проценти како ќе се дефинираат, но убавото е што скоро 30 и нешто одсто од нив се неповратни“ рече вицепремиерот за економски прашања...

Јан 31, 2024 - 21:00
 0  1
Битиќи: Земјава ќе добие 874 милиони евра од Планот за раст на Европската комисија

„На располагање на нашата земја ќе има 874 милиони евра во овој тригодишен период. Веќе првата транша од помошта треба да е достапна во април. Таму има проценти како ќе се дефинираат, но убавото е што скоро 30 и нешто одсто од нив се неповратни“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека останатите ќе бидат кредитите со субвенционирани камати, односно евтини средства што ќе помогнат во различни инфраструктурни проекти.

„Планот за раст на Европската комисија е показетел дека Западен Балкан е важен за ЕУ и дека сакаат од два аспекта да сме спремни за денот на влегување. Прво од економски аспект, а второ од реформи“ рече Битиќи.

Вицепремиерот истакна дека Планот за раст е поврзан со реформи што секоја земја треба да ги направи, а Северна Македонија веќе има испратено лсита на реформи и одредени проекти што треба да бидат финансирани.