Блинкен од Израел: Ова е веројатно последна можност да се постигне примирје

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, од Израел повторно повика на прекин на огнот во Газа. „Тука сум како дел од интензивните дипломатски напори на претседателот Бајден да се обидам да постигнеме договор. Време е сите да кажат ‘да’ и да не бараат изговори“, рече Блинкен. „Ова е клучен момент –...

авг 19, 2024 - 18:00
 0  2
Блинкен од Израел: Ова е веројатно последна можност да се постигне примирје

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, од Израел повторно повика на прекин на огнот во Газа.

„Тука сум како дел од интензивните дипломатски напори на претседателот Бајден да се обидам да постигнеме договор. Време е сите да кажат ‘да’ и да не бараат изговори“, рече Блинкен.

„Ова е клучен момент – можеби најдобрата, а можеби и последната можност да се вратат заложниците дома, да се постигне прекин на огнот и да се насочат сите кон подобар пат на одржлив мир и безбедност“, нагласи американскиот државен секретар.

Ова е деветта турнеја на Блинкен на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври./Извор:Makfax