Британка од едрилицата што потона кај Сицилија: Со сета сила го држев моето бебе над површината на водата

Британка од луксузната јахта што потона кај Сицилија опиша како ја држела својата едногодишна ќерка над површината на морето. Шарлот Голунски, нејзиниот партнер и едногодишното бебе беа меѓу 15-те луѓе кои рано утринава беа спасени од едрилицата во Бајзија. Шест лица, меѓу кои и британскиот технолошки претприемач Мајк Линч, исчезнаа,...

авг 20, 2024 - 18:00
 0  3
Британка од едрилицата што потона кај Сицилија: Со сета сила го држев моето бебе над површината на водата

Британка од луксузната јахта што потона кај Сицилија опиша како ја држела својата едногодишна ќерка над површината на морето. Шарлот Голунски, нејзиниот партнер и едногодишното бебе беа меѓу 15-те луѓе кои рано утринава беа спасени од едрилицата во Бајзија.

Шест лица, меѓу кои и британскиот технолошки претприемач Мајк Линч, исчезнаа, а еден маж беше пронајден мртов. Едрилицата долга 56 метри со 10 членови на екипажот и 12 патници потона на околу 800 метри од брегот на Палермо.

Во текот на ноќта едрилицата наиде на силна бура и пијавица. Шарлот изјави за италијанскиот весник „Ла Република“ дека таа и остатокот од нејзиното семејство преживеале бидејќи биле на палубата кога потонала едрилицата. Таа се присети како ги разбудиле громови, молњи и бранови кои го нишале бродот.

Вели дека се изгледало како „крајот на светот“, а потоа завршиле во морето. „Две секунди ја изгубив ќерка ми во морето, а потоа брзо ја прегрнав среде брановите“, рекла таа. Таа вели дека ја држела на површина со сета сила, со рацете испружени нагоре за да не се удави.

“Се беше темно. Не можев да ги држам очите отворени во водата. Повикав помош, но се што можев да слушнам околу мене беа вресоците на другите”, додала таа. Таа рече дека 11 лица успеале да се качат на чамецот за спасување. Таа и нејзините најблиски избегале без никакви повреди, но сепак биле пренесени во болница.

Карстен Борнер, капетан на блискиот брод, потврди дека неговиот екипаж качил некои преживеани на сплав за спасување, меѓу кои и тројца кои биле тешко повредени. Опишувајќи го моментот кога започнала бурата, тој за италијанскиот „Rai“ изјави дека едрилицата се навалила на страна и потонала за неколку минути.

„Сè се случи за многу кратко време“, истакна тој. Локалниот рибар Џузепе изјави за Ројтерс дека бил во моторен чамец кога ги видел маичките како пливаат во морето. Фабио Цефалу, квели дека се подготвувал да оди на риболов кога видел молња, па останал во пристаништето. „Околу 4 часот и 15 минути утрото видовме сигнален пламен“, нагласи тој./Извор:Makfax